Столтенберг: Неприфатливо е Иран да и доставува беспилотни летала на Русија

Неприфатливо е Иран да и доставува беспилотни летала и можеби балистички ракети на Русија за нејзината војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Истанбул.

Столтенберг: Неприфатливо е Иран да и доставува беспилотни летала на Русија

Техеран и Москва го негираат ваквите тврдења. „гледаме дека Иран нуди беспилотни летала и планира да и испорача балистички ракети на Русија“, рече Столтенберг, и додаде дека „тоа е неприфатливо. Ниту една земја не треба да ја поддржува Москва во оваа нелегитимна војна“.

Според Киев, 400 ирански беспилотни летала досега се користени во напади врз украински цивилни објекти, а москва наредила околу 2.000 од нив.

Столтенберг додаде дека рускиот претседател Владимир Путин доживува пораз во Украина, но дека „одговара со поголема бруталност“.

Тој ја обвини Русија дека „намерно и сурово“ ги лишува Украинците од „греење, вода и струја на прагот на зимата“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.