Стопирана изградбата на дивата џамија во Карпош. Ќе биде ли срушена?

Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, ве информираме дека во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциската служба на Општина Карпош излезе на терен. Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија.

Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.