СТО: Вирусот H7N9 е еден од најсмртоносните досега

Loading...

 Додека бројот на жртвите од новиот сој на вирусот на птичјиот грип во средата достигна до 22 по веста за новата жртва во источната кинеска провинција Жеџианг, Светската здравствена организација (СТО – WHO) предупредува дека вирусот H7N9 е еден од најсмртоносните вируси со коишто лекарите се соочиле последните неколку години.„Ова е необично опасен вирус за луѓето. Мислиме дека тој вирус полесно од живината на луѓето отколку вирусот H5N1“, го цитира CNN Кеиџи Фукуда, помошникот на генералниот секретар на , Светската здравствена организација (СТО – WHO) за здравство, безбедност и околина кој зборуваше на прес-конференција во кинеската престолнина Пекинг.Фукуда притоа појасни дека мисли на епидемијата на птичјиот грип во периодот меѓу 2004 и 2007 година кога починаа 332 луѓе.„Ова е дефинитивно еден од најсмртоносните вируси на грип коишто досега сме ги виделе“, истакна Фукуда. Додека истражувачите се обидуваат да ги откријат можните извори на зараза, Фукуда предупреди дека властите сé уште се обидуваат да го разберат однесувањето на вирусот.Од СТО истакнуваат дека Кина мора да се подготви за продолжување на епидемијата. Засега нема докази дека вирусот се пренесува од еден човек на друг.Во меѓувреме Reuters пренесе дека 53-годишне деловен човек од Тајван се заразил со вирусот H7N9 додека бил на службено патување во Кина, што претставува прв пријавен случај на заразување со овој вирус надвор од Кина. Мажот е хоспитализиран откако боледувал три дена по враќањето од Сужу на 9-ти април, изјави на прес-конференција во средата тајванскиот министер за здравство Вен-Та Чиу. Додал дека во телот на пациентот е потврдена присутност на вирусот H7N9 и дека пациентот е во сериозна состојба.Вкупно бројот на регистрирани случаи на зараза со сојот вирусот на птичјиот грип означен како H7N9 достигна 101. Од нив, најмалку четири лица се во критична состојба.Кинеските експерти посочуваат дека пренесувањето на вирусот H7N9 од човек на човек сé уште не сигурно потврден. Исто така, не е регистриран и епидемиолошка врска меѓу сите случаи на инфицирањето меѓу сител случаи, а ниту има информации за масовно заболување со типот на грипот H7N9 кај домашните птици. Експертите се убедени дека вирусот се уништува со термичка обработка.Кинeските здравствени власти претходно седмицава предупредија дека бројот заразени лица би можел и натаму да расте и притоа ја известија Светската здравствена организација (СТО – WHO) за уште три нови жаришта на заразата, па сега болеста е регистрирана на вкупно 11 локации.Точниот извор на инфекцијата сé уште не е познат, а уште дефинитивно не е потврдено и пренесувањето од човек на човек, меѓутоа научниците под надзор ги држат сите лица коишто биле во контакт со заразените.Научниците утврдиле дека новиот сој на вирусот уште е во развој и „разменува” гени со други вируси во потрага по генетска структура која ќе го направи постојан и способен за брзо ширење. Доколку успее во тоа, светот би можел да се соочи со смртоносна закана од нова пандемија на грип, но тој сој, исто така, би можел и да исчезне.Нестабилноста на вирусот, исто така, го поставува и прашањето дели вирусот H7N9 ќе стане отпорен на антивирусните лекови како што е „Тамифлу” на фармацевтската компанија „Roche”, што е веќе воочено по анализата на достапните податоци за генетската структура на овој сој вирус.„Дури и со само три генетски секвенци кои се познати, има докази дека една добро не се вклопува во другите две. Затоа сметаме дека тој вирус уште наоколу бара генетска констелација со која ќе биде 'посреќен'. Можеби надвор постојат други вируси со коишто разменува гени, додека не ја добие постојаната структура”, вели Венди Баркли, вирусолог од британскиот Imperial College London.Тоа е и токму причината поради којашто научниците не можат да проценат колку вирусот H7N9 е опасен за човекот.Пред овие случаи кои неодамна се забележани во Кина, сојот на вирусот на птичјиот грип H7N9 не се пренесуваше ниту на човекот, ниту од човек на човек. Како и кај најраширениот со H5N1, научниците стравуваат дека поради мутација на вирусот, болеста би можела да се пренесува од човек на човек, што може да предизвика пандемија.
Макфакс Додека бројот на жртвите од новиот сој на вирусот на птичјиот грип во средата достигна до 22 по вес

loading...
Loading...