Страотен пожар во трговски центар во Бангладеш (ВИДЕО)

Страотен пожар изби на 9-тиот кат во бизнис зграда во Бангладеш која е висока 19 ката.  Пред само неколку седмици слична ваква трагедија однесе 70 животи во главниот град Дака.
– На местото на несреќата има 19 единици за гасење на пожар. Морнарицата и воздухопловството на Бангладеш, им се придружиле во напорите да се совлада огнот и да им се помогне на заробените луѓе внатре, изјавил претставник од полицијата, Мухамед Расел.
Иако се стравува дека огнот заробил повеќе луѓе во кулата се уште нема официјални податоци за жртви. Локалните новинари известиле дека виделе најмалку 6 лица како скокаат од запалената зграда.

Хеликоптери кружат над солитерот обидувајќи се да спасат луѓе од покривот на зградата.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.