Страшевски: Мицковски ти си марионета на Заев!

Loading...

Почитувани медиуми се надевам дека ова мое обраќање  до јавнота ќе биде објавено во целост во интерес на членството на ВМРО ДПМНЕ  и во интерес на сите граѓани на Република Македонија, и покрај целосниот притисок за партиски и општ молк и од власта и од опозицијата за необјавување на различити мислења кои не се во нивни интерес.

ВЛАСТА ИМА ПЛАН ЗА ЖИВОТ, МИЦКОСКИ ГО ИЗБРА ЖИВОТОТ.

( двете опции на штета на Македонскиот народ, граѓаните на Македонија и Македонија)

ВРЕМЕ Е ЗА ТВОЈА ОСТАВКА Мицкоски ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ, ОБНОВА И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА СИЛНО И ОБЕДИНЕТО НЕПОБЕДЛИВО  НЕПОКОРНО ВМРО ДПМНЕ.

Почитувани!

Потикнат од двете интервјуа на „Мицкоски“ дадени за ТВ Сител и ТВ Алфа неможев а да не ја споделам реалноста, вистината со граѓаните на Република Македонија и членството на ВМРО ДПМНЕ.

МИЦКОСКИ НЕ САМО ШТО ПОВТОРНО САМ СЕ ЛАЖЕ, СЕ ОБИДУВА  И МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ГО ЛАЖЕ И ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО ДПМНЕ, ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ И ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ЗАТВОРЕН, МАЃЕПСАН ВО ШТАБСКОТО ДЕЛУВАЊЕ   ВО ЛУКСУЗОТ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА.

Мицкоски повторно неспремен одработувајќи за власта за неговиот шеф Зоран Заев, немајќи став за ниту едно важно прашање за Република Македонија, повторно немајќи став за пописот како и за сите претходни работи од национален и државен интерес ( име,јазик,идентитет, договорот  од Преспа, и договорот со Бугарија) неспремен за локалните изборите, шири дезинформации дека немало услови за попис, како и фер и демократски избори,потоа дека има страв од Ковид  19 пандемијата и наводната негова грижа за граѓаните на Република Македонија.

Денес бара „влакно во јајцето ,утре јајце во влакното“.

Денес со став за имунизација на попишувачите, утре ќе бара имунизација на избирачки одбори, имунизација на гласачите, имунизација на ДИК и се така само за да избега и се соочи со реалноста и со неговата неспособност за решавање на државните прашања во Република Македонија и недостигот на храброст и идеи,одработувајќи за Зоран Заев и власта, правејќи си сам претстави во кои и тој не верува а само одработува. Мицкоски како и пред  парламентарните избори  2020 така и сега,прво бараше итни избори, потоа  истакнуваше дека нема услови за фер и демократски избори, за потоа повикувајќи се дека има наводна грижа за пандемијата ковид 19 и граѓаните на Република Македонија. Сето ова беше блеферска финта за да Христијан Мицкоски  ја прикрие неговата неспособност  за победа на било кои избори,а имаше шанса ГОЛЕМА ШАНСА, неповторлива!!!

Требаше веднаш по изборите 2020 да повикаш на масовни протести, непризнавање на изборните резултати и повик за рушење на оваа ненародна криминална влада на СДСМ.

Наместо сега кога власта е на колена со сите нејзини неспособности да излезеш и да повикаш на

  • масовни протести и рушење на ненародната власт на Заев и СДСМ
  • да го спречиш бришењето на Македонската историја, Македонската нација
  • веднаш да го напуштиш Парламентот, советите на општините
  • да се блокира работата на институциите и системот
  • ВМРО ДПМНЕ веднаш да формира влада

Ти Мицковски се радуваш како мало дете на две министерски места и ти е чест што ќе бидеш власт со твојот шеф Заев.

Сето ова Мицкоски, мудро го премолчува и овозможува оваа ненародна влада на СДСМ да биде комотна,бидејќи нема сериозна закана од премногу слабата опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, и згора на сета оваа неспособност на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ, наместо да ја срушиме од власт, Мицкоски како  на голем триумф и голема победа се радува што ќе бил конечно власт, заедно со неговиот шеф Заев, добивајќи две леви министерства и еден заменик министер.

Мицкоски, наместо да излезеш машки и сите да ги обединиш ,членството и народот, да покажеш лидерство, ти по незнам кој пат го лажеш  членството, јавноста и целиот народ  со ситни лаги и манипулации.

ВРЕМЕ Е ЗА ТВОЈА ОСТАВКА Мицкоски!

ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ, ОБНОВА И ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА СИЛНО И ОБЕДИНЕТО НЕПОБЕДЛИВО НЕПОКОРНО ВМРО ДПМНЕ!

Јовица Страшевски, член на ВМРО ДПМНЕ, 27.03.2021

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...