Стружанец загинал на работно место

Утринава околу 09:30 часот во полициската станица во Струга било пријавено дека при изведување градежни работи во населбата Елен Камен во Струга, со повреди се здобил 49- годишниот Џ.А од Струга. Од здобиените повреди тоа починал, информираат од полицијата.
Во пријавата се вели дека додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Од страна на полицијата се преземаат мерки за рачистување на случајот.