Струјниот ценовен шок ќе се одрази и на цената на земјоделските производи

Loading...

И земјоделските производи ќе поскапуваат поради европската енергетска криза, меѓутоа тука се уште е рано да се прават проекции колкаво ќе биде поскапувањето. Експертите велат дека цената на преработките најмногу ќе се зголеми. Најголем удар ќе претрпи сточарството, но покачувањето ќе варира од гранка до гранка. Свинското и пилешкото место, како и нивните преработки ќе поскапт најмногу. Од друга страна, универзитетскиот професор Владимир Џабирски смета најмала промена на цената се очекува производите од овца со оглед на тоа што за нив се користат генерално природни ресурси.
-Добиточната храна од нивата, транспортот до животното, оттаму до кланичната индустрија, преработките, па се до малопродажбата. Сето тоа е еден производен циклус кој апсорбира голем дел од енергијата. Со нејзиното поскапување нормално е дека може да очекуваме и покачување на цените, вели универзитетскиот професор Владимир Џабирски.
Сепак Џабирски предупредува дека на среден рок, влијание на земјоделските производи ќе имаат и климатските промени, па државата мора со време да презема мерки за да го намали ударот и кон земјоделците и кон граѓаните.
За дел од експертите во инфлацијата и покачувањето на цените удел има и пуштањето повеќе пари во оптег на светско ниво. Ген-секот на Работната група за регионален рурален развој на Југоисточна Европа појаснува дека производството е исто, но цените се зголемуваат.
-Цените дигаат, но едноставно нема објаснување. Вишок на пари се. Печатиш пари, делиш пари, а не се заработени тие пари. Пред се, нема да има недостаток на храна, меѓутоа ќе биде недостапно посиромашните или оние кои не можат да го фатат чекорот, вели Бобан Илиќе, генерален секретар на работната група за регионален рурален развој на ЈИЕ.
Од месната индустрија не сакаат да коментираат дали, кога и за колку ќе поскапат месото и месните производи. Претставниците на компаниите велат дека со свои проекции ќе излезат дури откако ќе завршат локалните избори бидејќи сметаат дека темата околу цените политички се злоупотребува.

loading...
Loading...