Студено време со врнежи од дожд, на повисоките места снег

Loading...

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од еден до девет степени.
Во Скопје умерено облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.
Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

loading...
Loading...