Студен бран и многу снег ќе ја покрие Македонија – на овој ден ќе биде најладно

Под влијание на студен бран од североисток до крајот на денов ќе имаме претежно облачно и студено време со локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините, кон крајот на денов и навечер локални послаби врнежи од снег ќе има и на пониските места, информира метеорологот Славчо Попоски.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени. И утре ќе провејува локален слаб снег и сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен северен ветер.
Најстудено ќе биде во петок наутро кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури до околу -15 степени. Ваквото ветровито време ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот во колтините.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.