Студен пијалок за спас од летните горештини

Loading...

Жешките денови се во полн ек, а хидратацијата е најважна во овој период. Иако обичната вода секогаш помага, сепак водата со вкус доаѓа како одлично освежување во текот на летото. Таа е богата со витамини и идеална за гасење на жедта во текот на овие денови.
Потребни состојки:
Овошје по желба
Свежи билки
Вода
Стаклен сад
Многу мраз
Комбинација на вкусови:
Лимон и портокал со нане
Малина и лимон со маточина
Нане, краставица и зелена јаболка
Ѓумбир, краставица и лимон
Лаванда и боровинки
Ананас и ѓумбир


Начин на подготовка:
Овошјето исечете го на тенки парчиња и ставете го во стаклен бокал. Додајте ги и билките и прелијте со вода. Ставете го бокалот во фрижидер и оставете така да отстои неколку часа, а потоа промешајте.
На крајот, послужете со коцки мраз и уживајте во убавиот вкус.

loading...