Судија и определи куќен притвор на заменичката на Боки 13

Обвинителката Вилма Рускоска поднесе предлог за определување на мерка притвор, а судијата Ненад Савески и определи куќен притвор на Јасна Мандиќ, потретседателката на “Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски и директорка на “1“ТВ.
– Притворот се бара по сите основи, најмногу поради можноста за бегство, осомничена е за измама и перење пари, но како што гледате судот објективно заклучи дека не се исполнети условите за ефективен притвор и куќен притвор е бинго во овие услови – рече нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ и додаде дека нема да го обжалат ова решение.
За останатите во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција е побарано само мерка на претпазливост.

Loading...