Супа од вргањ и павлака

Loading...

Состојки
1 Вргањ
200 мл павлака
1 рака ситни макарони
1 кромид
1 морков
1 лажица брашно
3 рибанки леб
2 забчиња лук

Во тенџерече испржете кромид, морков и додајте 1 литар вода. Во водата ставете го вргањот сечен на ситни коцки. Ставете макарончиња и оставете да поврие 15 минути.
Во сад ставете павлака додајте 1 лажица брашно и малку вода, размешајте и додајте во супа. Супата нека поврие уште 10 минути. Посолете, додајте зачини по вкус. На крај ставете ситно сечен магдонос!
Лебот исечете на коцки и подпржете во тавче со малку зејтин, додајте рендано лукче.
Супата сервирајте ја во чинија, во секоај чинија ставете пржени коцки од леб. Украсете со магдонос и печурка.
Добар апетит!

loading...