Супер освежителен летен коктел

Loading...

Летото е одличен период за експериментирање, а коктелите се одличен начин за тоа.

Нашиот предлог за денешниот ден е да подготвите супер освежителен коктел со кршен мраз, бело вино и сок од лимета.

Одлично освежување за жешките денови.

Потребни состојки:

150 мл бело вино

10-15 коцки мраз

2-3 лажици шеќер

сок од 1 лимета

Сите состојки мразот, белото вино, сокот од лимета и шеќерот ставете ги заедно во блендер. Блендирајте додека не добиете густ коктел со скршен мраз и целиот шеќер не биде растопен.

Уживајте!

loading...