Сутлијаш со чоколадо

Loading...

850 мл млеко
100 г ориз
3 лажици шеќер
1 лажица путер
200 г чоколадо
Измијте го оризот под млаз ладна вода, ставете го во тенџере и прелијте го со млекото. Ставете го тенџерето на рингла и варете го на тивок оган, често мешајќи за да не се залепи оризот на дното на тенџерето. Варете додека не добиете смеса како пудинг. Чоколадото исечете го на парчиња, и него додадете го во тенџерето и промешајте. На крајот додадете го путерот. Откако чоколадото и путерот ќе се растопат тргнете го тенџерето од оган.
Оставете сутлијашот да се подизлади, па сервирајте го во чаши или десерни чинии. По желба, додадете парчиња печени лешници и чоколадо.

loading...