Сухој Суперџет 100 приземјен од страна на руските воздухопловни власти

Loading...

Руската управа за воздушен сообраќај нареди приземјување на четири од вкупно десет авиони од типот „сухој суперџет 100″ на воздухопловната компанија Аерофлот заради технички проблеми.

Руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација во понеделникот испрати писмо до Аерофлот, водечката руска воздухопловна компанија, информирајќи ја за укинувањето на дозволата за користење на четири од овие авиони, пишува во вторник дневниот весник „Ведомости”.
Рускиот производител на авиони Сухој, кој го составува авионот со неколку западни партнери, потврди преку соопштение дека четири авиони на Аерофлот остануваат приземјени заради поправки, но потврдуваат дека тие повторно ќе летаат најдоцна до крајот на месецот.
Компанијата потсети дека се регистрирани неколку инциденти од пуштањето во сообраќај на авионот во април 2011 година.
Рускиот патнички авион Сухој Суперџет 100 е развиван од почетокот на 2000 година во соработка со американски Боинг. Досега се произведени 20-сетина авиони од тој тип кој има 95 патнички места. Еден авион чини околу 35 милиони долари, а Сухој веќе има порачки за 200 авиони.
Макфакс
Руската управа за воздушен сообраќај нареди приземјување на четири од вкупно десет авиони од типот „сухој суперџет 10

loading...
Loading...