СЈО одлучи – куќен притвор, се чека одлука на Судот

На барањата на обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски осомничени во предметот „Титаник” мерката притвор да им се замени со куќен притвор Специјалното јавно обвинителство одговори позитивно. Ваквото мислење е испратено до Судот од каде треба да се донесе одлука за предлогот на обвинетите.
Позитивно мислење од СЈО добија бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески, директорот на комбинатот „Пелагонија” и Тодор Мирчевски, директорот на компанијата „Ексико”, осомничени во случајот „Империја”.
Мислење за замена на мерката притвор во куќен притвор од СЈО чека уште поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

 

Loading...