СЈО отвори нов случај „Империја“, меѓу осомничените се Камчев и Мијалков

Loading...

СЈО отвори нова истрага наречена „Империја“, во кој осоменичени се 13-мина меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев и поранашениот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Обвинителите од утрово извршија 12 претреси, и соопштија дека вкупно 13-мина, меѓу кои и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијаков, се осомничени за повеќе кривични дела извршени од 2002 до 2013 година.
Михајло Видимлиски е пред Кривичниот суд, a таму, уапсените треба да бидат изведени пред судија.
Од СЈО тврдат дека предметот Империја е поврзан со перење пари и злоупотреба на службена должност и бараат сите 13 осомничени да бидат приведени.
До сега од полицијата во Судот се донесени Ненад Јосифовиќ и Цветан Пандилевски. Останатите осомничени- Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојчевска, Зорица Арсова, Лилјана Гајдовска, Владислав Стојановиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасевски се очекува да бидат донесени во Судот во текот на денот, а СЈО трврди дека поседува доволно докази за осомничените.

loading...