Сè што даваме , Тој ни го враќа стопати повеќе!

Loading...

Исус не учи дека ако човек сака да го спаси својот живот, прво треба да го изгуби.Тоа е непроменливиот закон Божји. Денот осамнува по ноќта. Живот доаѓа од смртта. Пред да може растението да никне, семето мора да умре. Ако зрното пченица не падне на земјата и не умре, ќе остане само.
Ако сакате да го стекнете небото, тоа ќе ве чини овој свет. ако сакате да го спасите својот живот, морате да го изгубите, и обратно, ако го изгубите својот живот, ќе го спасите.
Кога во тоа време сакале да го следат Исус, Тој ги предупредил што значи тоа: “Лисиците имаат јами и птиците гнезда, но Синот Човечки нема каде да ја положи главата своја“ Не им ветил углед и материјално богатство. Тој рекол: “Мојата милост ти е доволна“
Тој не ни ветил живот без проблеми, но ни дал ветување дека никогаш нема да не остави.
Многу луѓе не сакаат да го следат Бог бидејќи не сакаат да ја платат цената. Но, се што ние Му предаваме, Тој ни го враќа стократно повеќе!
Само да Му веруваме!

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...