„Таа беше волшебна“: „Снежана“ утеши момче со аутизам кое имаше напад на бес во Дизниленд

Loading...

Постапката на вработена во Дизниленд ќе ви ја врати вербата во човештвото.
Преправена во „Снежана“, таа смири и утеши момче кое имаше напад на бес во забавниот парк на Дизни. Фотографиите го обиколија светот, а мајката на момчето ѝ се заблагодари за волшебниот момент кој засекогаш ќе остане запаметен од нејзиното семејство.

Снежана
Мајката Лорен во пост на Facebook го објави писмото со пофалби кое го испратила до Дизниленд. Еве го во целост:
Овие фотографии ми будат многу емоции! Син ми Броди имаше напад на бес. Беше наш ред да се фотографираме со Снежана, а тој не сакаше ни да слушне за тоа. Снежана можеше да процени дека Броди има посебни потреби и го одведе на прошетка подалеку од толпата. Ова беше вистинска магија!
Го испратив овој мејл до Дизниленд. Снежана ако го видиш ова, те молам контактирај ме:
Здраво,
Сакав да го споделам неверојатното искуство кое го имавме денес. Син ми Броди има аутизам и не зборува. Бевме да се сретнеме со Снежана ова попладне. Син ми имаше напад на бес, плачеше, беше надвладеан од емоциите и се чувствуваше многу лошо. Снежана беше апсолутно неверојатна со него!


Го бакна и го прегрна. Тој лежеше со главата во нејзиниот скут, плачејќи. Потоа, таа го одведе на прошетка подалеку од толпата. Беше неверојатна. Му ја држеше раката, танцуваше со него, го одведе до една клупа и седеше со него. Вложи натчовечки напори! Оддели многу време за него и беше вистински ангел! Едноставно таа беше волшебна и моето семејство е трогнато и ќе ѝ биде засекогаш благодарно.


Би сакала да ѝ се заблагодарам лично. Еве ги фотографиите кои ги направив. Благодарна сум за овие моменти кои ги овековечив. Срцето ми е полно. Никогаш нема да го заборавиме овој момент.

loading...