Таа веќе е репер на многу од жените: Моќниот моден стил на американската потпретседателка Камала Харис

Loading...

Камала влезе во историјата. Таа беше првата Афроамериканка државна обвинителка во Калифорнија, а сега прва жена Афроамериканка која што ќе ја преземе должноста на потпретседателка на САД.
Таа е моќна жена која што исто така изгледа многу убедливо со својот моќен стајлинг.
Нејзината бела комбинација се издвојува од темните бои за кои што се определуваат поголемиот дел од жените и има целосно друго значење.


Таа оддава почит на припадниците на движењето за еднакво право на глас на мажите и жените, односно воведување на женското право на глас. Во почетокот на 20-от век „суфражетите“ се бореле во бои: бела, виолетова и зелена – за женското право на глас.

Нејзиниот избор на облека ја покажува модната софистицираност. Темните панталони и одговарачката маица или пак кошула ја доловуваат нејзината тенка силуета која што е комплетирана со сиво кроено сако.


Но, 56-годишната дама и тоа како знае да се облече елегантно, со високи потпетици, марами, фустани… Таа на свечени настани воглавно бира темни црни фустани кои што исто така ја доловуваат нејзината елеганција и едноставност.


Во таков блескав фустан таа се појавила со нејзиниот сопруг Даглас Емхоф на свеченост за која што потпретседателката меѓу другото избрала да носи сандали кои што биле во центарот на вниманието.

loading...