Талибаните најавија нови масовни самоубиствени напади

Loading...

Авганистанските талибани најавија во саботата дека ќе покренат нова кампања на масовни самоубиствени напади на странските воени бази и дипломатски претставништва, како и „внатрешни напади“ во рамките на вообичаената пролетна офанзива оваа година.Офанзивата е најавена преку електронски пораки на талибанските портпароли. Исламистичката група последните години објавуваше слични најави по кои следуваше зголемување на насилствата по тешките авганистански зими.Најавата за масовните самоубиствени напади и ткн внатрешни напади коишто ги изведуваат припадници на талибанското движење кои се инфилтрираат во редовите на авганистанските безбедносни сили кои извршуваат напади врз странските војници со кои извршуваат заеднички патроли или акции, веројатно ќе ја загрижат меѓународната коалиција предводена од НАТО и САД која е во завршна фаза во борбата против талибанските бунтовници која почна кон крајот на 2001 година.Меѓутоа, командата на меѓународната мисија за помош во безбедноста во Авганистан ИСАФ во кој партиципира и македонски контингент, засега не реагираше на овие талибански најави.
МакфаксАвганистанските талибани најавија во саботата дека ќе покренат нова кампања на масовни самоубиствени напади на странск

loading...
Loading...