ТАЛОГОТ ОД КАФЕ ЧИНИ ЧУДА ЗА РАСТЕНИЈАТА! Ако се користи на овој начин, го забрзува растот на растенијата и ги штити од штетници!

Loading...

Можеби не сте знаеле дека оваа смеса, која обично ја фрламе по пиењето шолја кафе, може да биде многу корисна за нега на растенијата
Градинарите објаснуваат како да ги користите остатоците од шолја кафе како ѓубриво или заштита на вашите цвеќиња. Еве како:
Зајакнете го компостот
Талогот од кафе е добар извор на азот. Редовно додавајте го на компост за да ја засилите неговата моќност.
Спречете штетници во градината
Полжавите и бубачките не сакаат претерано да се искачуваат над препреки со кисел состав, како што е внимателно истурен талог од кафе околу работ на леата.
Направете домашна мешавина за прехрана
Додадете половина чаша талог од кафе на 2 литри вода и оставете го да отстои 24 часа. Можете да го истурите веднаш до коренот на растението без да го оштетите, а нема да им наштети ниту на децата што играат во градината.
Борба против габите
Талогот од кафе може да ви помогне да се справите со разни колонии на габи кои напаѓаат растенија. Посипете го талогот директно на земја, габата ќе се повлече.

loading...