Тамара деновиве ќе пее во најпознатиот геј-клуб во Лондон

Македонската пeјaчка Тамара Тодевска на 10 јануари ќе пее на Еурофест во Лондон.
Настанот се одржува во локалот Ројал Ваухаул Таверна, познат геј-клуб во Лондон. Ројал Ваухаул Таверна се смета за најстарото геј збиралиште во Јужен Лондон.
Билетите ќе чинат седум британски фунти.
Многу славни ѕвезди настапувале во овој клуб, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.