Поп-пејачката Тамара Тодевска настапи во најпознатиот геј -клуб во Лондон, Royal Vauxhall Tavern. Таа успеа да го наполни клубот со фанови пред кои пееше речиси еден час. Забавата почна на полноќ, а Тамара ги отпеа своите најголеми хитови, како и евровизиската Proud.
Клубот се смета за едно од најзначајните места за ЛГБТ-популацијата во историјата и има добиено голем број признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на оваа група на членови во општеството.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.