Таравари, коалицискиот на Мицковски, организираше следење на натпревар фудбал на Албанија

Loading...

Вечерва до нас дојде информација и фотографии од Гостивар, подобро кажано реакција, која уредникот одлучи да ја објави. Во целост следи подолу:

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари организирал гледање на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезантациите на Албанија и Полска среде центарот во Гостивар, каде членови на Алијанса за Албанците со пропаганден материјал од партијата ја бодрат албанската репрезентација.

Да биде иронијата поголема, вчера играше фудбалската репрезентација на Македонија против репрезентацијата на Германија, но ваква спектакуларна организација немаше, ни од ДПМНЕ ниту од Таравари и Алијанса коалиционите партнери.

Ме интересира, дали членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат оваа нацоналистичка политика на нивниот коалиционен партнер кој како што кажуваат е многу добар пријател на нивниот лидер и на кого му даваат максимална поддршка на избориве?
Дали на ваков начин го докажуваат нивниот патриотизам со кој секојдневно се фалат и за кој имаат полна уста зборови?!

(авторот познат на реакцијата)

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...