Татко злоставил 7-годишна ќерка, сопругата жив го запалила

Loading...

Ванеса Џексон, 40-годишна Американка е уапсена за напад и закани по живот врз нејзиниот 52-годишен сопруг Винсент Филипс, кого се обидела жив да го запали. Таа чекала сопругот да заспие, па го полила со бензин и го запалила. Причината била тоа што дознала дека тој ја злоставил нивната 7-годишна ќерка.
Ванеса ја признала вината и раскажала дека одлучила да го запали жив, затоа што доколку го убиела со оружје многу лесно и без мака ќе умрел, а тој не заслужувал брзо и лесно умирање.
Нејзиниот сопруг Винсент го преживеал нападот, но се здобил со изгореници од висок степен. Против него ќе биде подигнато обинение за педофилија, како и за сексуален напад врз малолетно лице.

loading...