Тачи: Ниедна албанска партија нема да коалицира со тие што се против овој договор

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше Мендух Тачи, кој рече дека ниедна албанска партија нема да коалицира со тие што се против овој договор.

„Меѓународниот фактор прави големи напори за да ја придвижи Македонија напред, напред кон ЕУ. И ова не е заслуга на Владата, ова е заслуга на нашиот стратешки партнер САД. Тие даваат огромна поддршка на нашата земја“, вели Тачи.

На прашањето која е алтернативата, или да се споиме со Русија, Тачи вели никако.

На состанокот во Владата немало никој против новиот предлог, освен лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

„Видете, на состанокот во Влада со лидерите на владината коалиција немаше никој против новиот предлог, единствено Павле Трајанов бараше консензус од сите партии“, вели Тачи.

По прашање за тоа што ако падне Владата и кој ќе ја води новата, Тачи порача дека „ниедна албанска партија нема да коалицира со партиите кои се против овој предлог“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.