Тајзи го најавува новиот албум со „Иронија“ (Видео)

За Денот на ослободувањето  во Куманово на плоштадот со публика од 30.000 луѓе, Тајзи оддржа концерт за паметење, каде што од бина го најави својот нов албум на кој работи периодов .По балканската преработка на револуционерната италијанска песна  „Бела Чао„ во која ја прикажува суровата реалност во која што живееме, денеска не изненади со уште една песна од албумот насловена како „Иронија“.

 На текстот и музиката се потпишува Тајзи, аранжманот е на продуцентот Иле Спасев, додека видеото го работеше Никола Ставрески.
„Иронија“ е шеста песна од албумот, а треба да очекуваме уште шест нови песни кои ќе излезат во наредните месеци.

 Драган Величковски Тајзи е можеби единствениот артист во Македонија кој има повеќе од дваесет песни со милионски прегледи и не прекинува да ја изненадува својата публика веќе 12 години .Кумановскиот бунтовник кој пишува за социјална правда и вистински морални вредности за во декември најавува уште еден проект со видео запис,како и букирани настапи во повеќе градови во земјава и странство.
Во продолжение уживајте со Иронија:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.