Тајландската масажа го отстранува стресот

Масажата е ефикасно средство за релаксирање и елиминирање на негативната енергија на крајот од денот. Тајландската масажа, која се практикува над 2.000 години, комбинира практики од класичната медицина и традиционалната кинеска медицина, помагајќи му на телото да се ослободи од лошото енергетско поле. Нејзината примарна цел е да се постигне хармонија или собирање на умот, телото и духот во едно.
Класичната тајландска масажа користи етерични масла кои исто така помагаат за релаксирање. Еден час е доволно за да се намали болката и да се подобри протокот на крв во телото.
Кои се придобивките од тајландската масажа за здравјето?


Ја намалува болката во половината
Силната болка во половината главно се должи на долго седење на столица или работа со голем товар. Според едно истражување, луѓето кои одат на тајландска масажа поради болки во половината и грбот, се чувствуваат многу подобро од оние кои користеле традиционална медицина. Многу специјалисти препорачуваат тајландска масажа за спортисти кои ги очекуваат големи натпревари.
Го подобрува расположението и ја намалува анксиозноста
Масажата е еден од најдобрите начини за намалување на анксиозноста и подобрување на расположението. При тајландска масажа се зголемува производството на ендрофин – хормон на среќата, и се намалува нивото на млечна киселина. Таа е многу бавна и нежна во споредба со останатите масажи и не се чувствува болка, туку следува насмевка и се чувствува олеснување.
Го отстранува стресот
При стрес во устата се ослободуваат посебни ензими, кои се показател дека неговото ниво е високо. Тајландската масажа го намалува количеството на стресни хормони во телото. Се користат јога пози, истегнување и работа со енергетските линии, кои заедно ги олеснуваат мускулите и им даваат можност на животната сила и енергија да циркулираат слободно во телото.
Помага при главоболки
Истражување на група луѓе со хроничен притисок или мигрена, покажува дека тајландската масажа е корисна при слични проблеми, бидејќи се намалува интензитетот на главоболката.
Иакоима многу предности, овој вид на масажа не треба да се прави кога постојат модринки, рани, воспалена кожа. Не се препорачува кај бремени жени, лица кои се на хемотерапија или пациенти со срцеви заболувања.

Loading...