Тајните симптоми на стресот

Loading...

Современиот начин на живот не поштедува никој од појавата на стрес. Стресот е нормална појава и телото може без проблем да се справи со него. Но, кога секојдневно сте изложени на голем стрес, вашето тело може да ја изгуби битката и да започне да страда од последиците.

Еве неколку тајни симптоми кои ќе ви потскажат дека сте изложени на многу повеќе стрес отколку што си мислите.

АКНИ, ЧЕШАЊЕ И ПРЕМНОГУ СУВА КОЖА

Стресот влијае на секој орган во нашето тело, а кога веќе знаеме дека кожата е најголемиот видлив орган, нормално е да очекуваме дека последиците од стресот ќе се појават и врз неа.

Научниците сметаат дека чешањето е еден од првите физички симптоми на стресот. Понекогаш чешањето е резултат на алергиска реакција на кожата, но често се случува без некоја особена причина.

Ако страдате од сува кожа (егзема или псоријаза) или пак сте склони кон појава на акни, кога сте под стрес состојбата се влошува. Ова се случува затоа што кога телото е под стрес, заедно со кортизол и адреналин произведува и поголемо количество андрогени, коишто од своја страна го стимулираат лачењето на себум, а себумот ја поттикнува појавата на акни.

Како смеењето го подобрува вашето здравје?

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...