Тајните симптоми на стресот

Loading...

Исто така, стресот го забавува процесот на зараснување на раните и акните. Доколку забележите дека акните тешко исчезнуваат, тоа може да биде добар знак дека се резултат на стрес.

БОЛКИ ВО ВИЛИЦАТА, КРВАРЕЊЕ НА НЕПЦАТА

Многу луѓе кога се вознемирени или под стрес чкрипат со забите во сонот, т.е. покажуваат симптоми на бруксизам. Ваквата состојба се влошува со зголемувањето на нивото на стрес и може да предизвика болки во вилицата.

Во периоди на стрес можно е да се појави и крварење или болки во непцата. Тоа е така затоа што стресот го намалува имунитетот и телото потешко се бори против бактериите коишто се наталожуваат околу непцата, па како резултат на тоа се појавуваат инфекции, крварење или болка.

ПРОБЛЕМИ СО СТОМАКОТ

Изложеноста на стрес може да предизвика флуктуации во количините на киселини кои се лачат во стомакот, гасови и мускулни спазми. Тоа може да резултира со дијареја, болки во стомакот или запек (опстипација).

Истражување со учество на скоро 2000 мажи и жени покажало дека оние кои доживувале највисоко ниво на стрес биле тројно посклони кон појава на болки во стомакот, во споредба со оние кои биле опуштени.

Ако вашиот партнер ве критикува за некоја од овие 4 работи, тоа е аларм

ЖЕЛБА ЗА КОНСУМИРАЊЕ НА СЛАТКА ИЛИ МРСНА ХРАНА

Ние жените честопати го обвинуваме месечниот циклус за појавата на желба за консумирање на слатка храна. Но, вистината е дека таквиот копнеж по чоколадо многу поверојатно е резултат на присуството на стрес.

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...