Српските медиуми јавуваат дека пејачката наводно го пријавила сопругот во полиција за психичко и физичко малтретирање. Тања Савиќ открива која е вистината.
Српската пејачка Тања Савиќ осамна на насловните страни на српските магазини поради наводен инцидент во семејниот дом.
Таа се огласи по овие пишувања и вели дека се наоѓа кај нејзините родители, а натписите „немаат врска со тоа што навистина се случило“.
-Сосетката ме повика да ми каже дека станот во Белград ни е ограбен, бидејќи неколку дена сум кај моите во Смедерево. Тоа е вистината и засега не можам ништо повеќе да кажам. Украдени се моите и пасошите на децата од местото каде ги оставив. Ќе им оставам на припадниците на полицијата да ја работат својата работа, изјави Савиќ за српски Телеграф.

Тања Савиќ го пријавила сопругот во полиција?
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...