Твој став Твое Право

Вака гласи слоганот на Државната Изборна Комисија кој  можеби е и најкоректниот слоган на Неуставниот Референдум кој почна со дезинформации,заплашувања од секаков вид и збунување на гласачите со измешано и нејасно прашање.
ДИК почнува со кампања за референдумот На денешната седница ДИК усвои и упатство за начинот на гласање на гласачките места на кои има запишано помалку од 10 избирачи.
Станува збор за 81 гласачко место. Гласачите од овие избирачки места ќе гласаат во најблиските пунктови кои не се подалеку од три километри.
Од ДИК информираат дека се испечатени гласачките ливчиња од страна на печатницата ,,Киро дандаро” од Битола за што се потрошени 13 милиони денари. Деркоски посочи дека се работи за голема заштеда и дека сумата е намалена значително во споредба со претходните изборни циклуси.
Тој како пример ги посочи изборите во 2017 година кога биле потрошени 28 милиони денари и 2016 година кога биле издвоени 48 милиони денари за печатење на гласачките ливчиња.