Теа Таировиќ ја откри вистината за своето образование: За три години стана милионерка, еве какво училиште завршила (фото)

Пејачката Теа Таировиќ гостуваше во емисијата на Весна Дедиќ каде низ смеа откри дека нејзиното семејство постојано го поставува истото прашање – кога ќе заврши факултет и ќе најде „вистинска работа“.Кога водителката ја праша дали ги завршила студиите, Теа искрено призна:– Сè уште не – рече таа низ смеа, а потоа додаде:– Не можам да кажам која година сум бидејќи моите роднини не сакаат да ме прашуваат.– Што те прашуваат најчесто твоите роднини? Кога ќе завршиш психологија, кога ќе се омажиш? – праша водителката.– Не, не ме прашуваат кога ќе се мажам, ме прашуваат кога ќе најдам вистинска работа, државна работа и кога ќе завршам факултет. Тоа најчесто ме прашува баба ми, открила Теа.– Дали баба има други поплаки за твојот живот? – праша водителката.Сепак, пејачката нагласува дека баба и’ е исклучително горда на неа, но дека од неа ја наследила и работната етика:– Не, таа е главно многу горда, но патем, тој работохолички однос го наследив од неа. Таа е крајно дисциплинирана жена – призна Теа Таировиќ во емисијата „Балканска улица“.Иако нејзиното семејство често ѝ поставува прашања за колеџот и нејзината „вистинска работа“, Теа продолжува да ја гради својата музичка кариера и да ги полни салите ширум регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: