Тевдовски е тотално изгубен во времето и просторот – Ова со даночнава реформа е автогол на СДСМ за кој не се ни свесни!

Loading...

Поранешниот новинар и директор на телевизија “Телма“ , Атанас Кировски преку својот Фејсбук профил го коментира зголемувањето на даноците, кое го воведува Владата, и покрај сите укажувања од страна на јавноста, на бизнис заедницата и на граѓаните дека тоа во овој момент за Република Македонија е погрешна мерка.
Неговата објава ја пренесуваме интегрално:
“Ова со даночнава реформа, е таков автогол на СДСМ за кој изгледа сеуште не се ни свесни. Ќарот во буџетот ќе биде минимален, и бездруго помал и од ситните суми кои ги проектираат, а штетата енормна!
Посебна приказна се даноците на се што оди како приход, па дури и на девизните заштеди над 15.000 денари?!?
Постариве луѓе-сиромаштијата што оставила некој денар за не дај боже – да ги даночиш е според маалскиот принцип кого удрам не жалам. Мислам дека не е лошо уште еднаш да размислат, ама без Тевдовски, човекот е тотлно изгубен во времето и просторот.“, напиша Кировски на Фејсбук.

loading...