Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/ Илустрација ПУЛС24

Двајцата соговорници дискутираа за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласија дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.