Телешки шницли со сос

Loading...

800 г телешки шницли
1 исечена главица кромид
1 чаша Балсамико оцет
1/2 чаша соја сос
5 лажици мед
2 лажици исечен магдонос
2 исечени чешниња лук
1 лажица брашно
1 лажичка црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер

Во сад измешајте ги кромидот, оцетот, соја сосот, медот, лукот, црвениот пипер, сол и црн пипер.  Додадете ги шницлите и оставете да отстојат една ноќ.
Извадете ги шницлите од маринадата и исушете ги на хартиени салфетки. Испржете ги во тава со масло  на средна температура и ставете ги на чинија.
Во садот со маринадата додадете го брашното и промешајте. Ставете во тавата на оган и додадете ги шницлите и магдоносот. Динстајте додека омекне месото и се згусне сосот.

loading...