Овој далматински рецепт е навистина совршен за ручек. Мекото телешко месо во слатко-кисел сос ќе ги воодушеви сите гурмани.
Паштицада е традиционално хрватско јадење од телешко месо кое се готви во слатко-кисел сос. Телешкото прво стои во маринада, па се готви како цело парче, а потоа се прават шницли и се ставаат во густ сос, што овозможува да биде меко како путер. Паштицадата потекнува од Далмација и обично се подготвува за празници, венчавки и крштевки. Се служи со гарнир њоки или таљатели.
Потребни состојки:
1 кг телешки бут
4 моркови
2 кромида
¼ корен од целер
100 гр сланина
4 чешниња лук
300 мл црвено вино
5-6 сливи
1 прстофат магдонос
3-4 листови ловор
свинска маст
вода
сол
бибер
Подготовка:
Јунешкото месо добро исчистете го од маснотиите, но оставете го како цело парче. Засечете го на неколку места и во секој отвор ставете по едно исчистено цело чешне лук. Ставете го во сад, додадете крупно сечкан кромид, морков, целер и сланина. Сипете црвено вино и вода така што цело месо да биде потопено. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се маринира преку ноќ.
Утредента извадете го месото од садот, а маринадата зачувајте ја за подоцна. Во длабоко тенџере растопете ја свинската маст, па пропржете го месото. Потоа извадете го месото, а во тенџерето ставете само зеленчук и маринадата и пржете додека не омекнат. Потоа вратете го телешкото месо и прелијте го со маринадата, па сипете жешка вода (месото да биде покриено). Додадете и суви сливи (без семки), листови ловор, посолете и побиберете. Гответе 2 часа со повремено додавање вода. Кога телешкото целосно ќе омекне, извадете го од тенџерето и исечете го на шницли. Сосот испасирајте го, а потоа вратете го месото во тенџерето. Зачинете по желба и оставете да се крчка на тивок оган уште 30 минути.