Телма: Има ли кривично дело, закана по живот во аудио – снимките и дали во нив е гласот на Камчев?

Loading...

Кој ги објави аудио снимките на „Јутуб “ – дали тоа е гласот на бизнисменот Орце Камчев и со кого разговара?! Обвинителството во нов предмет истражува дали евентуално има кривично дело закана по живот или загрозување на општа сигурност во разговорите кои во саботата осамнаа на „Јутуб каналот“ потпишани од објавувачот  „Големото уво“ со  наслов  „Нахранете ја демократијата“. Гласот за кој јавноста претпоставува дека е на бизнисменот Орце Камчев, сведок во „Рекет“ и обвинет во случајот „Империја“  бара спогодба со браќата Заеви, и вели дека во спротивно ќе крвават сите. Обвинителот Јовески во телефонски разговор за „Телма“ вели предметот е кај обвинител и од доказите зависи  дали ќе заврши со пријави.
„Јавното обвинителство во врска со новообјавените аудио снимки на социјалните мрежи отвори предмет. Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите“.- вели Јовески.
Доказите кои ќе ги собере обвинителството ќе покажат и дали евентулано лицата од разговорите ќе  бидат повикани да дадат исказ кај обвинител…

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...