Телото на Чавез нема да биде балсамирано

Loading...

Телото на починатиот венецуелски претседател Уго Чавез, нема да биде балсамирано, пишува на својот профил на микроблогот Twitter министерот за комуникации и информации Ернесто Виљегас.

 
„По добивањето на соодветниот извештај (од специјалистите), идејата за балсамирање беше отфрлена, иако на тоа се надеваа многу од нашите сограѓани”, соопштува Виљегас.
Според министерот, групата руски лекари кои ги испитуваа останките на претседателот Уго Чавез заклучила дека за спроведување на постапката за балсамирање, телото на Ел Команданте мора да се транспортира во Русија за период од седум до осум месеци.
Во саботата ковчегот со телот на Чавез веќе е префрлен во Музејот на револуцијата, каде што претходно беше соопштено дека ќе се наоѓа неговото вечно почивалиште. Од сабота наутро портите на музејот ќе бидат отворени за јавноста за оние Венецуелски кои сакаат да му оддадат последна почит на починатиот претседател.
Ковчегот беше ставен во мермерен саркофаг во централната сала на Музејот, а на самиот саркофаг врежани се годините на раѓањето и на смртта на Чавез (1954-2013) и наметнато е тробојното знаме на Венецуела. До почивалиштето на Чавез се поставени два портрета на неговата омилена историска личност – националниот херој на Венецуела Симон Боливар „Ослободителот”.
Претходно привремениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро не ја отфрли можноста подоцна останките на Чавез да бидат префрлени во Националниот пантеон, каде што се погребани и останките и на Боливар. Сепак, ова решение досега не е донесено.
Венецуелските власти одлучија повторно да го отворат пристапот до телото на починатиот претседател Хуго Чавез, објави во средата министерот за комуникации и информации Ернесто Виљегас.
„Почнувајќи од сабота, од 9 часот (15.30 по македонско време), пристапот до зградата ќе остане отворен за венецуелскиот народ и другите народи од светот кои ќе можат да дојдат и да му оддадат почит на овој војник на револуцијата, каков што беше и продолжува да биде, Уго Рафаел Чавез Фриас”, изјави во петокот навечер Виљегас. Објектот ќе биде отворен за јавноста до 9 до 16 часот по локално време.
Министерот Виљегас е убеден дека последна почит на Чавез сакаат да му одадат многу револуционери од целиот свет, сите луѓе со добра волја, христијани, „сите оние кои видоа во претседателот на Венецуела надеж и можност за градење на земјите на новиот свет”.
Сепaк, не е јасно колку долго ќе бидат изложени останките на Чавез во Музејот на револуцијата, бидејќи сé уште не е целосно исклучена можноста неговото тело да биде префрлено во Националниот пантеон, каде почиваат историските херои на Венецуела.
Церемонијата на последно збогување со Уго Чавез се одржа во петокот во Музејот на револуцијата на Венецуела. Погребната поворка со ковчегот на Чавез пристигна на Воената академија, каде што се одржа прошталната церемонија на национално ниво со лидерот на Боливарската револуција.
Поворката мина низ венецуелската престолнина Каракас околу 18 километри, следена од десетици илјади Венецуелци. Во Музејот на револуцијата ковчегот го положија претставниците на нависокото воено раководство на земјата и блиските соработници на Чавез. Говорејќи на церемонијата, братот на Чавез, Адан, воздржувајќи ги солзите, даде ветување дека ќе продолжи борбата за народот на Венецуела и побара од поддржувачите да се „обединат во цивилно-воената алијанса”.
Во капелата во составот Музејот, се одржа богослужба на којашто присуствуваа блиските роднини на Чавез и неговите соработници. Говорот на последниот поздрав го водеше привремениот претседател Николас Мадуро, кој меѓу другото рече дека Чавез „секогаш ќе стои на врвот на великаните на татковината”.
„Мисијата е завршена, Команданте! Исполнета широко и целосно, преку болка и страдање, дури и болест не го запре. И никој не може да го запре нашиот народ. Сега се исполнува мисијата – за нас”, рече Мадуро.
Меѓу другото, Мадуро вети дека откако ќе победи на претстојните претседателски избори, ќе се врати во Музејот на револуцијата, заедно со своите соборци да му оддадат почит на Чавез, како и да „размислат за грешките и да добијат благослов”. На церемонијата на простувањето со Чавез во петокот, присуствуваше и претседателот а Боливија, Ево Моралес.
Макфакс
Телото на починатиот венецуелски претседател Уго Чавез, нема да биде балсамирано, пишува на св

loading...