Телото на Чавез ќе биде балсамирано и поставено во Музејот на револуцијата

Loading...

Венецуелските власти одлучија да го балсамираат телот на починатиот претседател Уго Чавез и тоа да биде изложено во Музејот на револуцијата, изјави во четвртокот навечер привремениот шеф на државата, заменик-претседателот Николас Мадуро откако кусо претходно објави дека посмртните останки на Чавез чијашто државна погребна церемонија ќе се одржи во петок ќе бидат изложени „барем седум дена подолго“.

 
Првично Мадуро соопшти преку телевизијата дека по државната церемонија, посмртните останки на Уго Чавез ќе бидат изложени за јавноста во една касарна во венецуелската престолнина Каракас „за да можат сите да го видат”.
„Телото на Чавес ќе биде балсамирано, како телото на Хо Ши Мин, како телото на Ленин, така што тоа вечно ќе може да се види во стаклениот погребален ковчег”, изјави заменикот-претседател Мадуро.
По балсамирање на телото на „Ел Команданте”, тоа ќе биде пренесено во Музејот на револуцијата во Каракас. Властите веќе донеле одлука да го продолжат времето за простување на народот, кое требаше да заврши во петокот. „Од Командантот народот ќе може да се прости уште најмалку седум дена, така што луѓето можат да го сторат тоа без никакви ограничувања. Всушност, нив ги има милиони, и ние сакаме секој кој сака – да може да го види”, изјави Мадуро.
Како што беше првично најавено, простувањето од Чавез требаше да трае до петок. Меѓутоа, министерот за комуникации и информации на Венецуела, Ернесто Виљегас, рече дека за преостанатото време на одавањето последна почит кон Чавез, сите што тоа го посакуваат нема да можат да влезат во зградата на Воената академија, каде што е изложено телото, оти тоа не е возможно од чисто математичка гледна точка.
Мадуро обајви дека во петок во 11 часот по локално време (16.30 часот по македонско време), ќе се одржи церемонијата на државното испраќање на Чавез, на коешто ќе присуствуваат делегациите на странските држави.
Макфакс
Венецуелските власти одлучија да го балсамираат телот на починатиот претседател Уго Чавез и то

loading...