Течат роковите за подготовки за претседателските избори

Согласно Роковникот за одржување на претстојните претседателски избори Државната изборна комисија најдоцна до денеска треба да ги формира односно дополни општинските изборни комисии (ОИК) со нови членови и заменици на место на членовите и замениците на кои по разни основи им престанал мандатот и да ги објави во Службен весник.


Во врска со избирачкиот список, јавен повик и пријава за гласање, до денеска, органот надлежен за извршување санкции до ДИК треба да ги достави податоците за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на извршување казна затвор врз основа на евиденцијата што ја води.
Ноќеска на полноќ, пак, истече рокот во кој политичките партии од власта и опозицијата кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, до Државната изборна комисија да ги достави предлозите за членови на Избирачки одбори во Дипломатско конзуларните преставници и нивните заменици.