Тешка сообраќајка во Скопје, 20-годишник прегазил девојче

Loading...

Вчера во 14:35 часот на крстосница од булеварот “Јане Сандански“ и улицата “23 Октомври“ во Скопје, 20-годишниот О.С. од Скопје, управувајќи патничко возило “Пежо 407“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетно женско лице од Скопје.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

loading...