Тешка сообраќајка во Струмичко

Во сообраќајна несреќа која утринава во 04:30 часот била пријавена на излез од Струмица кон с. Дабиле животот го загуби петнаесетгодишно девојче, а две лица на возраст од 20 и 21 година се повредени.
– Патничко моторно возило „Фолксваген Кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с. Радово-Струмичко, излетало од патот. На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с. Радово-Струмичко. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот е извршен од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.

Loading...