Тешка сообраќајка – загина 30-годишен мотоциклист

Loading...

Синоќа во 22:50 часот било пријавено дека на крстосницата со локалниот пат Богданци-с.Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл “Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило “Мерцедес Актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово. Во незгодата на лице место починал Ѓ.В. Бил извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

loading...