Тешка сообраќајка кај Смилковци – едно момче загина, двајца малолетници тешко повредени

Loading...

Ноќеска во 01:47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с. Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с. Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило “Опел Зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб.
Денес МВР соопшти дека од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а сопатниците во возилото, едениот на 16-годишна, а другиот на 17-годишна возраст се здобиле со телесни повреди.
Увид извршила екипа од СВР-Скопје.

loading...