Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен

Loading...

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Битола – Ресен, кај местото викано „Чешми“ загина едно лице.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во 16:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од село Дрмени, Ресенско.
На местото на несреќата починал Љ.П. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од село Дрмени, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.

loading...