Тешка сообраќајка на скопската обиколница, еден загинат и двајца повредени

Loading...

Рано утрово во 03:40 часот на обиколницата Скопје, во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучка Радишани, патничко возило “Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(40) од Скопје, изгубило контрола и се превртело.
Притоа, возачот починал на местото на настанот, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8 Септември“ за укажување на лекарска помош, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

loading...