Тешка сообраќајка однесе уште еден млад живот

Loading...

Нова сообраќајка со човечка жртва ја потресе Македонија синоќа откако товарно возило излета од пат. “Курир“ информира дека во 18:48 часот е пријавена сообраќајна незгода во селото Дрма, на регионален пат помеѓу село Идризово и село Петровец. Товарно возило ДАФ со скопски регистарски таблички излетало од коловозот, а на лице место починал 36-годишниот Д.Т. од Ражаничино.
По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

loading...