Тешко ги прифатив белите дамки по телото, но научив да се сакам себеси, Пулексенија Јовановска за кожното заболување витлиго

Пулексенија Јовановска е најдобрата македонска каратистка. Единствената што ја претставувала Македонија на Олимпијадата во Токио. Не донесе медал, ама се пласира во десетте најдобри. Пулексенија има специфично име, па едвај две-три да се викаат така во Македонија.

„По прабаба ми Пула сум крстена, па мајка ми сакала Ксенија, и ајде за мир дома, направен е компромис од двете имиња. И никој не ме вика по правото име“, раскажува македонската каратистка.

Таа е една од 29. дами во приказната „Убавите жени на мојот народ“ на уметникот Славчо Мицевски. Со специфична кадрава коса, по која ја познаваат, Пулексенија е и во оние 1 процент кои го имаат кожното заболување витилго.

Кога на 18 години преку ноќ ѝ се појавиле белите флеки по телото не ѝ било лесно да го прифати фактот дека нема лек за ова кожно заболување.

„Не ме импонира кога ги гледам манекенките со витилго. Белите дамки ми се појавија во време кога бев многу ранлива. Да најдам лек би ги отстранила“, вели Јовановска за „Репортер“.

Карате почнала како неталентирано дете кое го поттурнувале настрана. Денес е најдобра каратистка во Македонија која беше на Олимпијада. Јовановска неодамна отвори и свој карате клуб и е среќна што го работи она што го сака.

Која е Пулексенија Јовановска приватно и зошто реши да стави крај на кариерата гледајте го интервјуто.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.